Published: Wednesday, January 6, 2016 10:47
Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел утрово е запечатена поради сомнителен пакет, соопшти портпаролот на Германската федерална полиција.
– Истражуваме еден сомнителен пакет, изјавил портпаролот за Reuters, кој дополнува дека полицијата истражувала четири жолти поштенски пратки.
Пред полицијата да ја испразни зградата, канцеларката Меркел се подоготвувала за редовен состанок со министрите во германската Влада.
Во 2010 година, полицијата откри пратка со експлозив, која од Грција била испратена на адреса на која се наоѓа канцеларијата на Меркел во Берлин.




