Северна Кореја соопшти дека успешно испробала “минијатурна“ хидрогенска бомба. Ова е четврта нуклеарна проба на Северна Кореја и покрај санкциите на Обединетите нации.
Наредбата за пробата е потпишана од лидерот Ким Јонг-ун кој минатиот месец најави дека неговата земја поседува едно од најмоќните оружја.
По последниот обид на Јонг-ун да ја прикаже силата на неговата земја, аналитичарите се со поделени мислења, односно не веруваат дека се работи за хидрогенска бомба.
Претходно неколку земји регистрирале земјотрес со умерена сила во близина на местото во Северна Кореја кое е познато по изведување нуклеарни тестови.
Таму последен пат била изведена проба на атомска бомба во 2013 година при што бил регистриран земјотрес од 5,1 степени, што било исто како и сегашниот потрес.
Овие три земји го осудија кршењето на резолуциите на Обединетите нации од страна на Северна Кореја, а за денеска веќе е најавена вонредна седница на Советот за безбедност која ќе биде зад затворена врата.
Пјонгјанг е под санкции на Обединетите нации уште од првиот тест на атомска бомба во 2006 година и може да се соочи со нови мерки. Пјонгјанг изведе проби и во 2009 и во 2013 година.




