Published: Wednesday, January 6, 2016 16:58
Полицијата на Германија соопшти дека ништо сомнително не е пронајдено во пакетот поради кој денеска беше запечатана канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во центарот на Берлин.
– Експертите не пронајдоа ништо сомнително, изјави портпаролот на Федералната полиција на Германија.
Полицијата изутрината ја запечати канцеларијата на Меркел за да го испита сомнителниот пакет во момент кога министрите во истата зграда одржуваа состанок.




