„Нетфликсс“ синоќа соопшти дека своите сервиси отсега ги нуди глобално во повеќе од 130 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија.
„Денеска го сведочите раѓањето на новата глобална интернет ТВ мрежа“, рече извршниот директор и коосновач Рид Хастингс додавајќи дека потрошувачите од целиот свет, од Сингапур до Санкт Петерсбург, од Сан Франциско до Сао Паоло, ќе бидат во можност да уживаат во ТВ сериите и филмовите без да чекаат.
„Нетфликс“ се уште не достапна во дел од Украина, Сирија и Северна Кореја.
Со месечна претплата членовите на „Нетфликс“ можат да гледаат ТВ серии, документарни филмови и филмови за деца, а мрежата е достапна од секој уред поврзан на интернет(компјутер, лаптоп, смартфон или таблет).
„Нетфликс“ нуди бесплатен пробен период од еден месец за сите кои за прв пат пристапуваат на мрежата.




