Published: Friday, January 8, 2016 15:32
Како одговор на нуклеарните тестирања од страна на Северна Кореја, нејзиниот сосед, Јужна Kореја ги обнови пропагандните пораки против Ким Јонг-ун на границата.
Официјален Сеул постави звучници долж границата на кои се емитуваат јужнокорејски песни, светски вести, критики кон државното управување на Северна Кореја, за тешката економија на Пјонгјанг и за ужасната состојба на човековите права во земјата.
>> Реакција на светските лидери за севернокорејската “хидрогенска бомба“
Јужнокорејската армија ги постави под највисоко обезбедување местата, каде што се наоѓаат звучниците, и крај нив распореди артилерија.




