Tурската полиција во Анкара спровела голема операција против левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, соопштија турските медиуми, наведувајќи дека во неа учествувале 400 полицајци.
Оваа група е прогласена за терористичка организација од Европската унија и САД. Таа во минатата недела призна дека стои зад бомбашките напади од 19 март во Анкара врз Министерството за правда и седиштето на владеачката Партија на правдата и развојот.