Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Економијата преку бројки – стандард, невработеност, инвестиции

0
By Нова ТВ on January 11, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 11, 2016 11:50

За три години бројот на сиромашни семејства составени од четири члена е зголемен за нови 10 000. Сиромаштијата на ниво на земјата се намалува, но и натаму секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби. Од друга страна, Владата објави дека невработеноста е на историско најниско ниво, само преку проектот “Македонија вработува“ се вработиле 11 000 луѓе. Порталб анализира како изгледаше економската 2015 година преку призмата на бројите?

СТАНДАРД: 51,1% од четиричлените семејства – во сиромаштија!

Се намали вкупниот број на сиромашни лица, но се продлабочи сиромаштијата кај просечните четиричлени семејства. На ниво на земјата, стапката на сиромаштија изнесува 22,1% но и натаму во големата слика, секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби. Според последните податоци од истражувањето Лаекен индикатор, дури 51,1% од домаќинствата со двајца возрасни и две малолетни деца живеат под праг на сиромаштија, н она што е алармантно е дека бројот на овој вид на сиромашни домаќинства е зголемен за 2% во однос на 2013 година.

Анализата на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека само за три години бројот на сиромашни домаќинства се зголемил за нови 10 000. Еве како се движеше трендот на осиромашување на семејствата:

2012 година 141 120 домаќинства
2013 година 147 578 домаќинства
2014 година 151 043 домаќинства

Со овие стапки на сиромаштија од една страна, и со трендот на раст на економијата од друга страна, Македонија и натаму останува во групата на најсиромашни економии чии граѓани имаат само 36% од европскиот стандард.

НЕВРАБОТЕНОСТ: Историски најниска стапка од 25,5% ..

Во годината што измина во Македонија е измерна историски најниска стапка на невработеност, или заклучно со третиот квартал од 2015 година, невработеноста се намали на 25,5%. Пред една деценија, стапката на невработеност изнесуваше 30,9%. Ако се стесни опсегот на анализиран период, за пет години, бројот на неврботени се намалил за 52 100 илјади лица, а во истиот период пак бројот на вработени се зголемил за 51 800 луѓе. Според Владата трендот на зголемување на вработеноста е резултат на актуелните економски политики. Дел од економистите оценуваат дека состојбата зависи од повеќе фактори, меѓу кои и “легализирање“ на дел од вработувањата на црно но и исселувањето на работоспособното население.

Во земјава има вкупно 711 380 вработени лица, од кои 555 554 се во приватниот сектор а 155 826 се во “друга сопственост“, во која доминира државниот сектор. Во споредба со состојбата на крајот на 2014 година, регистрирано е зголемување на бројот на вработени нешто повеќе од 15 илјади. Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ неодамна оцени дека растот на вработеноста што го регистрираше државниот Завод за статистика се објаснува не со “нови“ вработувања туку со премин на веќе ангажираните работници од неформалната во формалната економија.

“Mоето објаснување е дека овој раст се должи на премин од неформална во формална вработеност, т.е. на намалување на сивата економија. Добро е познато дека сивата економија е најмногу застапена во трговијата. Тие што до сега не била пријавени, одеднаш ги пријавиле. Ова е во согласност со оној мој труд во кој аргументирам дека една од главните причини за намалувањето на невработеноста во времето на оваа влада е токму преминот од неформална во формална вработеност“, вели за Порталб Јовановиќ.

Од друга страна, сепак Владата не запре со промовирање на различни мерки кои директно ги засегаат невработените. Според владини информации, само преку проектот “ Македoнија вработува“, се вработиле скоро 11 000 луѓе, односно поволностите што се нудат ги искористиле 6 600 компании. Крајната цел на овој проект е да се вработат 150 000 лица.

ИНВЕСТИЦИИ: Салдо oд 116 милиони евра, инвестициите во пад?

Последните располжливи податци од надлежните институции не навестуваат оптимизам за инвестициската 2015 година. Заклучно со октомври вкупно салдо на странски директни инвестиции изнесувало 116 милиони евра и во споредба со лани, истиот период е регистриран пад за 38 милиони евра. Според мерењата од Народната Банка, во третиот квартал вредноста на странските инвестиции изнесувала само 0,2% од БДП, што е рекордно најниско ниво регистрирано во текот на годината. Овие показатели се испорачани во година во која владата продолжи со познатите роуд шоуа и промоции на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација. Сепак, додека се промовираа нови странски инвеститори, дел од домашните стопанственици не отстапија од забелешките дека влезот на странските инвеститори е поддржан на нетранспарентен начин со буџетски пари.

“Секоја странска инвестиција во нашата земја е добродојдена бидјеќи освен што носат капитал, тие со себе носат и знаење и технологија што се многу важни за економскиот развој на Македонија. Секако дека за да прфункционира една демократска држава најважен елемент е транспарентноста а која во овој случај ја нема бидејќи Владата едно промовира а друго работи. И без овие “дискрециони финансирања“ домашниот приватен сектор се дискриминира со преголемиот сет на мерки на олеснувања што се прават за странските инвеститори, но оваа состојба со субвениционирање на странските компании продолжува“, изјави неодамна за Порталб, претседателот на комората Неби Ноџа.

Највисоко салдо  на странски инвестиции од скоро 507 милиони евра е измерен во 2007 ма та година, кога инвестициите достигнале 8,3% од БДП. Оттогаш до сега ниво се намалува. Така, во 2009 та и 2010 година тие изнесуваат околу 2% од БДП. Благо зголемување има во 2011 та година на 4,6% од БДП и потоа повторно пад во 2012 та година салдо на странски инвестиции од 117,3 милиони евра или 1,5% од БДП. Следните две години, 2013 и 2014 инвестициите се движат околу 3,3% од БДП.

Годинава, според новите буџетски проекции се очекува економски раст од 4%.

Порталб

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.