Илјадници демонстранти излегоа синоќа протестираа во германскиот град Лајпциг против сексуалните напади за кои ги обвинуваат мигрантите кои дошле во нивната земја.
Со транспаренти и извици тие бараа бегалците да бидат депортирани и дека Исламот не е добредојден. Протестите се организирани од локалната антимуслиманска организција ПЕГИДА.
Паралелно, во непосредна близина се одржаа и контрапротести на поддржувачи на бегалците, кои носеле транспаренти со натписи „Добредојдовте во Лајпциг“.
Претставник на полицијата во Лајпциг соопшти дека биле приведени околу 250 екстремисти, кои ги кршеле излозите на локалните продавници и носеле маски за да го скријат идентитетот, што е спротивно на законите во Германија.
Нетрпеливоста кон мигрантите во Германија се засили откако голем број жени пријавиле дека биле жртви на сексуални напади или биле ограбени од мажи со арапско или северноафриканско потекло за време на новогодишната прослава во центарот на градот.
Полицијата во Келн исто така соопшти дека на новогодишната вечер се поднесени 516 пријави, од кои 40 проценти биле за сексуални напади, најголем број против лица од северноафриканските и блискоисточните земји.
Од вкупно 31 лице, за 18 е утврдено дека се работи за баратели на азил.
Информациите за нападите поттикнаа жестока јавна дебата во земјата за либералната политика на канцеларката Ангела Меркел во однос на мигрантите и предизвика бран гневни изјави во однос на одговорот на властите на нападите.
Меркел ги осуди нападите во Германија како „одвратни, криминални акти“, но рече дека не се откажува од политиката на прифаќање бегалци во земјата и нивна интеграција во германското општество.
Во интервју за неделното издание на Билд, министерот за правда Хеико Мас истакна дека се работи за однапред подготвени и организирани врз жените. Поради несоодветен одговор на нападите, во петокот шефот на полицијата во Келн доби отказ.




