Published: Tuesday, January 12, 2016 14:36
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека човек со сириско потекло се смета за одговорен за денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, во кој загинаа најмалку 10 луѓе, а 15 беа повредени.
Експлозијата се случи на плоштадот во областа Султанахмед, која е позната туристичка дестинација, во близина на Сината Џамија и Аја Софија.
Ердоган рече дека меѓу жртвите имало и Турци и странци. Премиерот Ахмед Давутоглу воведе забрана за објавување на снимки од експлозијата, повикувајќи се на законот, според кој, вакви мерки може да бидат воведени кога се загрозени националната безбедност или јавниот ред и мир.




