Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годишно обраќање на Обама: САД се најмоќна држава во светот и точка

0
By Нова ТВ on January 13, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 13, 2016 13:58

Американскиот претседател Барак Обама во годишното обраќање до нацијата за состојбата во државата рече дека САД не смеат да дозволат ставувањата и поделбите во оваа изборна година да го доведат во опасност напредокот на земјата на економски и безбедносен план.

Во неговото последно вакво обраќање тој нагласи дека споредбата на борбата против Исламската држава со трета светска војна само и оди во прилог на екстремистите, кои како што рече, иако претставуваат огромна опасност за цивилите и мора да бидат запрени, сепак не го згрозуваат опстанокот на САД како нација.

Неговиот говор во Конгресот, во кој доминираат републиканците, беше исполнет со триумфализам за доминацијата на САД како светска сила број еден во светот.

– Сите тие приказни за американскиот економски пад се празни политички фрази, како и сета таа реторика која ја слушате дека нашите непријатели стануваат се помоќни, додека Америка слабее, рече Обама, истакнувајќи: „САД се најмоќна држава во светот. И точка“.

Тој и се извини на нацијата што не успеал во текот на својот мандат што завршува годинава да го унапреди американскиот политички дискурс и да ги ублажи недоразбирањата меѓу партиите, признавајќи дека не успеал ниту да ја обедини нацијата, па ги повика гласачите тоа да го направат на изборите, покажувајќи единство.

Бранејќи ги резултатите од својот мандат, пак, ја повика јавноста повторно за претседател да изберат демократ за нивно продолжување.

Во текот на едночасовното обраќање Обама ја критикуваше антимуслиманската реторика на фаворитот за републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, нарекуваќи ја погрешна, која во очите на светот ги прави Американците помалку вредни и го отежнува постигнувањето на американските цели.

Во врска со терористичките закани во светот, тој рече дека одговорот на САД мора да биде повеќе од само остри зборови или повик за уништување на цивили со бомби.

Обраќањето на Обама пред конгресмените, претставниците на Кабинетот, Врховниот суд и на американската јавност е една од неговите последни прилики пред ноемвриските претседателски избори да го привлече вниманието на Американците и неговиот мандат да го претстави како позитивен, бидејќи според Уставот тој не може и третпат да се кандидира за претседателската функција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.