Турската полиција денеска притвори 12 академици кои се потпишале на Декларацијата за осуда на воените операции против курдските бунтовници на југоистокот на земјата.
Сите се предавачи на Универзитот Кочаели и се дел од 1.000 академици потписници на оваа декларација.
Турската агенција Анадолија јави дека на уште деветмина академици од истиот универзитет им се заканува апсење.
Обвинителството вчера отвори истрага за академиците под обвинение за навреда на државата и покренување „терористичка пропаганда“ во корист на Курдската работничка партија.
Потегот следи откако премиерот Реџеп Таип Ердоган упати остри критики кон потписниците на Декларацијата, меѓу кои е и лингвистот Ноам Чомски и го повика судството да започне процес за предавство.
Во Декларацијата академиците од Турција и други земји се повикуваат властите во Анкара да го запрат масакрот и порачуваат дека одбиваат да бидат учесници во злосторството.
Ердоган оцени дека Декларацијата е противдржавна и дека користи ист јазик како и терористите, бидејќи не повикува против бунтовничкото насилство.




