Арапските нации и Турција значително ја зголемиле воената помош за сириските бунтовници во последните неколку месеци, јавува денешен „Њујорк Тајмс.”
Весникот, повикувајќи се на неименувани функционери и команданти на бунтовниците, тврди дека над 160 авиони со воен товар слетале на аеродром во близина на Анкара и други турски и јордански аеродроми.
Турција во голема мера ја надгледува целата работа и го организира превозот на оружје преку својата земја, пишува „Њујорк Тајмс.”
Хуго Грифитс од стокхолмскиот Институт за истражување на меѓународниот мир, информира дека досега биле префрлени околу 3.500 тони воена опрема.