Published: Friday, January 15, 2016 14:16
Подвижна клиника и тим здравствени работници се на пат кон сирискиот град Мадаја во кој изминатиот месец од глас починаа 32 деца.
Како што сооппштија ОН, сириските власти дале дозвола мобилната клиника на арапската Црвена полумесечина да влез во градот кој се наоѓа под опсада на сириските владини сили и да спроведе вакцинација.
Страшната ситуација со глад и неухранетост во Мадаја ја пријавија групите за надзор, локалните лекари и агенциите за помош од градот, а вчера во градот пристигна пратка со храна, што е прва од октомври лани.
Според УНИЦЕФ, уште 25 деца помлади од 5 години се во животна опасност поради неухранетост.




