Српскиот премиер и претседател на владеачката партија Спрската погресивна партија Александар Вучиќ изјави денес дека треба да се оди на предвремени избори.
Одлуката ја донел, како што кажа, за да “реши општествениот конфликт кој ги блокира реформите” кои, според него, треба да бидат завршени до 2020 година и поради тоа на партијата и треба целосен мандат.
Изјавата на премиерот беше поздравена со долг аплауз на повеќе од 500 членови на Одборот на партијата.
Вучиќ рече исто така дека сака да провери каде Србија сака да оди и дали сака да продолжи по европскиот пат во наредните четири години.
“Партијата и владата што ја формиравме се соочуват со голем отпор токму поради тоа што се обидувавме да го разбиеме блокот на тајкуните, политичарите и криминалците на кои не им е во интерес Србија да напредува и било што да се менува”, рече Вучиќ подвлекувајќи дека конфликтот е почнат со оние за кои власта е само начин за лично богатење.
Датумот на предвремените избори се уште не е фиксиран.




