Пациентот со церебрална смрт по клиничкото тестирање лекови во Франција починал денес, информираше Болничкиот универзитетски центар на Рен.
Состојбата на другите петмина пациенти е стабилна, вели соопштението на болницата. Од петмината четворица имаат невролошки пореметувања но болницата.
Осумдесет и четири лица го тестирале лекот на лабораторијата Биотриал. Од нив десет лица во саботата дошле на консултацијата во болницата и им биле направени испитувања но не биле најдени никакви проблеми кај овие десет волонтери.
Клиничкиот тест се однесуваше на лек против болка и бил изведуван по барање на фармацевтската груба Биал од Португалија.
Во клиничкото испитување биле вклучени 90 здрави луѓе на кои спорниот лек различно им бил дозиран.
Јавен обвинител веќе отворил истрага која ја нарекол „несреќа од епски размери, без преседан“.




