Published: Monday, January 18, 2016 12:10
Турските воени радари покажале дека денешниот ракетен напад врз турскиот град Килис на југоистокот на земјата во кој загина едно лице е извршен од територијата на Сирија под контрола на Исламската држава, објавија воени извори, додавајќи дека турската армија возвратила со „иста мерка“.
Канцеларијата на градоначалникот на Килис соопшти дека ракетата од Сирија погодила средно училиште, каде загинала една жена врабоена во училиштето, а една ученичка е повредена.
Во непосредна близина на истото училиште паднале уште две ракети, кои најверојатно се испукани од Сирија.




