Министерството за финансии од домашните кредитори ќе побара нови 5,5 милиони евра за два дена.
На аукција закажана за 20 јануари, ќе бидат понудени државни обврзници во вредност од 3,87 милиони евра кои треба да се вратат за 15 години и државни записи за 1,626 милиони евра со рок на отплата од 12 месеци.
Ова задолжување, според календарот на задолжување не е поврзано со раздолжување планирано за следниот ден.За што ќе се потрошат парите нема информација.
Минатата недела Владата преку аукција на државни записи и обврзници побара 15,44 милиони евра но се задолжи за двојно повеќе односно со 31 милиони евра.
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов ги предупреди домашните кредитори да внимаваат при купувањето обврзници бидејќи сите задолжувања над распишаната сума ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.