Published: Wednesday, January 20, 2016 10:19
Најмалку 21 лице се убиени, а над 30 се повредени во денешниот напад на Универзитет во северозападниот дел на Пакистан во близина на Пешавар.
Најголем број од загинатите и повредените се студенти, а полицијата соопшти дека операцијата против четворица напаѓачи е завршена.
Според полицијата Универзитетот бил нападнат непосредно по отворањето, во раните утрински часови, каде студираат околу 3.000 момчиња.
Според Раша тудеј одговорноста за нападот го презеле талибанците. Инаку Универзитетот го носи името Бача Кан, според антиталибанската политичка партија.




