Американското Министерство за одбрана соопшти дека двајца затвореници од затворот во Гвантанамо се префрлени во Црна Гора и во Босна и Херцеговина каде би требало да започнат нов живот.
Се работи за Тарик Махмуд Ахмед ал- Савах (58) со босанско државјанство кој е префрлен во БиХ и Абд ал- Аиз Абдух Абдалах Али ал – Суваиди (41) државјанин на Јемен кој заминал за Црна Гора. Обајцата веќе 13 години се во Гвантанамо, а босанскиот државјанин имал сериозни здравствени проблеми.
Според Пентагон ни едниот ни другиот не можеле да се вратат во земјите од кои потекнуваат, а Црна Гора и Бих прифатиле да ги примат од хуманитарни причини.
Третиот затвореник кој исто така требало д абиде префрлен во Европа, одбил да се качи на авионскиот лет и останал во американската база на Куба.
Двајцата затвореници од Гвантанамо се дел од 17 –те кои од почетокот на овој месец заминаа од овој затвор, главно во земји од Блискиот исток. Бројот на оние кои се уште се наоѓаат во овој затвор опадна на 91.




