Published: Monday, January 25, 2016 10:14
Жителите на грчките острови, кои беа први на удар на бегалскиот, ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир со поддршка на грчката Влада.
Како што пишува весникот Гардијан, членови на академските кругови на универзитетите Оксфорд, Принстон, Харвард, Корнел и Копенхаген подготвуваат официјално барање за доделување на престижната награда на локалните жители на островите Лезбос, Кос, Хиос, Самос, Родос и Лерос.
Инаку, од 900.000 бегалци кои влегоа во Европа минатата година, повеќето беа пречекани од жителите на грчките острови во Егејското Море кои ја оставија својата работа и се вклучија во спасувачките акции во морето.




