Министерството за финансии ќе побара нов заем од домашните кредитори од скоро 9 милиони евра, колку што доспеваат за отплата на долгови. Од почетокот на 2016 година, Владата одржа две аукции на кои од домашните банки, фондови, пензиски друштва, осигурителни компании и други кредитори собра 22 милиони евра, повеке од колку што бараше.
Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов неколкупати ги предупреди домашните кредитори да внимаваат при купувањето обврзници бидејќи, како што најави, сите задолжувања над распишаната сума ке бидат предмет на дополнително законско преиспитување.
Засега не е познато дали Министерството за финансии ќе се задолжи повеќе или помалку од најавеното.