НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлозите на ВМРО ДПМНЕ за медиумите спротивни на препораките на Прибе

0
By Сашка Цветковска on January 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заедно со избирачкиот список, медиумите продолжуваат да бидат најгорливиот проблем во рамки на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. Вчерашниот предлог на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ за поставување партиски уредници во јавниот сервис наиде на жестоки реакции во еснафската јавност.

Претседателката на ССНМ (Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници) Тамара Чаусидис во врска со предлогот за партиски уредници (еден предложен од ВМРО ДПМНЕ и еден од СДСМ) коментира дека „Поделбата на јавниот сервис според партиска припадност, назначување уредници по партиска линија е исто како да предложите операциите на хирургија да ги извршуваат еден лекар од СДСМ и еден од ВМРО“.

Другиот контроверзен предлог на власта доаѓа преку предлог закон за информативни и рекламни кампањи во медиумите. Власта предлага озаконување на владиното рекламирање и принцип на поделба на средствата според гледаност. За претседателот на ЗНМ (Здружението на новинари на Македонија) овој предлог не е ништо друго освен намера за законско претворање на медиумите во огласни табли на владата.

„Преку наводни информативни кампањи, власта со парите на граѓаните планира да ја легализира корупцијата во медиумите со цел да ги контролира. Законот предвидува власта да ги финансира медиумите, но за возврат тие да не ги критикуваат нејзините политики. И во медиуми каде ќе има некаква критика, таа ќе се преклопува со агресивни кампањи за наводните големи успеси на владата“, напиша Селмани на социјалните мрежи.

Помеѓу другите предлози е оној кој предвидува време на политичките партии во јавниот сервис согласно добиените гласови на избори.

Работните групи на четирите партии кои го спроведуваат Договорот од Пржино досега веќе требаше да изнајдат решенија за медиумите прифатливи за професионалната и граѓанска јавност, а во согласност со препораките од Извештајот на Прибе.

„Медиумите треба да се дистанцираат од партиските политики и не треба да бидат во служба на политичарите и политичките партии. Јавниот национален сервис треба да настојува/да вложува напори да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија и идеологии да допинесе кон информирано граѓанство“, се вели во делот со препораки од извештајот.

Прибе во извештајот се осврнува и владините реклами кои служат како средство за поткуп на медиумите.

„Купувањето политичка поддршка од медиумите преку финансиско поддржување на медиумскиот пазар е неприфатливо. Строги правила за владиното рекламирање мора да бидат применети/наложени/наметнати. Медиумското сопствеништво и медиумското финансирање треба да биде транспарентно“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.