НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ и ССНМ: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ брутален напад врз слободата на медиумите

0
By Влатко Чаловски on January 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најстрого го осудуваат предлогот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во поглед на медиумите а кој е предмет на разговор помеѓу работните групи со посредникот Питер Ванхауте.

Како што велат претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, законот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами е брутален напад врз независноста на медиумите, а со него се прави упад врз мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите.

– Вистинската цел на кампањите е медиумите да ги заборават граѓаните, јавниот интерес и демократијата, и да бидат огласна табла за фалење на владините политики, изјави Селмани.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ за јавен интерес ја прогласува секоја активност на Владата и на јавните институции, тековни и идни активности на Владата, што во превод значи со јавни пари да продолжи и да ја засили промоцијата на партиската програма.

– Со овој закон, власта со парите на граѓаните планира да ја легализира, прошири и надгради корупцијата во медиумите со цел да ги контролира и да ја задуши секоја критика во медиумите, дополни првиот човек на ЗНМ.

>> Фридом Хаус: Надолен тренд во однос на слободите во Македонија

Тамара Чаусидис, образложи дека ставовите на ЗНМ и ССНМ се исти, односно дека тие целосно стојат позади предлозите на беглискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте, а воедно, смета дека е апсурдно што воопшто сериозно се дискутира за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои не нудат департизација кај медиумите туку дополнителна контрола.

– Жално е што воопшто доаѓаме до ситуација вакви апсурдни и небулозни предлози да мораме да ги разгледуваме како сериозни. Можни се две објаснувања, или станува збор за купување време и да остане статус-кво за да се спречат системските промени кои ги предлага посредникот Ванхауте, или станува збор за лов во матно во ова ненормално време да се протнат практиките кои веќе ги имаме во медиумската сфера во кои жртвата е слободата на изразувањето, рече Чаусидис.

>> Предлозите на ВМРО ДПМНЕ за медиумите спротивни на препораките на Прибе

Селмани и Чаусидис побараа од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за предлозите на Ванхауте. Тие сметаат дека јавниот интерес за партијата на власт претставува само партиски интерес.

Првите луѓе на ЗНМ и ССНМ го критикуваат и предлогот на ВМРО ДПМНЕ за поставување партиски уредници во Јавниот сервис, кој наиде на жестоки реакции и во еснафската јавност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.