Шведска планира да депортира околу 80.000 бегалци кои во земјата стигнале во текот на минатата година, а чии барања за азил биле одбиени, соопшти денеска шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман.
– Се работи за околу 60.000 луѓе кои најверојатно ќе достигнат до бројката од 80.000, рече Игеман, додавајќи дека Владата побарала од полицијата и од органите задолжени за бегалците да организираат нивна депортација, која најверојатно ќе се одвива повеќе години.
Според него таа ќе биде направена со специјални чартер летови, бидејќи се работи за голема бројка луѓе.
Шведска со 9,8 милиони жители е една од земјите од ЕУ која прими најголем број бегалци во однос на бројот на жители. Минатата година според официјалната статистика, 160.000 бегалци побарале азил во земјата.




