Само шест дена од изборот на функцијата, хрватскиот министер за бранители Мијо Црноја си поднесе оставка, јави вечерва Јутарњи лист.
Оставката уследи откако вчера партиите од опозициската коалиција предводени од Социјалдемоккратската партија доставија во парламентарна процедура предлог за покренување прашање на доверба за Црноја. Изминатите неколку дена се крена голема прашина во јавноста особено по најавите на Црноја дека ќе направи регистар на „агресори и предавници“ на Хрватска.
Но главните обвинувања од опозицијата беа дека Црноја е пријавен на лажна адреса за да избегне плаќање на данок, дека за изградба на куќа во 2009. добил наменски кредит од 56.000 евра од Министерството за бранители, а изградбата не ја започнал. Уште се наведува дека Црноја поседува стан во Загреб, па затоа е нејасно како успеал да добие станбен кредит на подарено земјиште во Самобор каде што не живее, ама е пријавен на таа адреса.
Исто така опозицијата го обвини за учество во тепачка поради што имал и кривична пријава, а наводно и насилно се однесувал кон неговата самохрана мајка његово учешће у тучи због које је кривично пријављиван, као и наводно насилничко понашање према самохраној мајци.
До касно вчера траеја преговорите за неговиот случај во владејачката коалиција, при што МОСТ биле категорично за негова оставка.
– Поминаа два дена од дебатата и сите документи им ги дадов на правните експерти кои заклучија дека нема вина. Поднесов оставка бидејчи не сакам да нанесувам штета на Владата и на премиерот. Не постои вина за товарот што и го припишувате. Ги поздравувам сите хрватски бранители, изјави Црноја пред новинарите.




