Published: Friday, January 29, 2016 11:04
Полските пратеници денеска изгласаа закон со кој министерот за правда истовремено е и државен јавен обвинител, со што тој презема целосно контрола врз Обвинителството.
Со законот се отфрлаат реформите воведени во 2009 година и според критичарите тоа значи политичка контрола врз обвинителите.
Овој потег следи по забелешките од ЕУ дека полската Влада воведува политичка контрола врз Уставниот суд и државните медиуми.
Откако дојде на власт на 25 октомври 2015 година новата полска конзервативна власт усвои закони со кои се модифицира функционирање на администрацијата, полицијата, обвинителството и разузнавачките служби.




