Published: Saturday, January 30, 2016 10:43
Премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ изразија загриженост поради отсуството на ефикасна реакција на мигрантската криза. Според нив, тоа би можело да го дестабилизира Западен Балкан.
По средбата тие истакнаа и дека за решавање на мигрантската криза потребна е подобра соработка на државите.
Орешковиќ ја поддржа иницијативата на Церар, што побрзо да се запре текот на нерегуларни миграции со помагање на Грција, како и на македонските власти во јакнење на контролата на јужната граница.




