Published: Saturday, January 30, 2016 12:28
Во македонската црква „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн, Австралија денеска во 12.30 часот по австралиско време избил пожар. Причинета е материјална штета, а повредени нема, пишува „Фаланга“.
Пожарот според зборовите на член од Противпожаната служба започнал од струјомерот во црковната зграда.
Во моментот кога започнал пожарот внатре на првиот спрат престојувал монахот Никодим Солунчев и спас од огнената стихија барал преку прозорот и скокнал во рацете на неколку полицајци кои се нашле во тој момент.
Пожарот е изгаснат и според проценките причинета е материјална штета од над 100 илјади долари.




