Северна Кореја објави дека нејзини стратешки ракети се насочени кон американската воена база Гуам, на Хаваи, како и кон територијата на Соединетите Држави.
“Од овој момент врховната команда на Корејската народна армија, во борбената позиција од прв степен ќе ги постави сите артилериски единици, вклучувајќи артилерија со долг дострел и стратешки ракети, чија цел ќе бидат непријателските објекти во инвазиските бази на САД, Хаваите и Гуам, како и Јужна Кореја”, пренесува државната агенција КЦНА.
Според агенцијата, ваквиот потег бил одговор на заканата од американски бомбардери Б-92.
До ваквата објава од Пјонгјанг доаѓа откако Соединетите Држави и Јужна Кореја потпишаа договор за заедничка воена акција во случај на напад од Северна Кореја.