Published: Sunday, January 31, 2016 12:20
Министерството за одбрана на САД потврди дека руски воен авион Су-34 го нарушил турскиот воздушен простор во петокот. Вашингтон ги повика Москва и Анкара да преземат мерки за да се спречи ескалација.
„Може да потврдиме дека вчера уште еден руски борбен авион го повреди турскиот и НАТО – воздушен простор“, изјави портпаролот на Пентагон, Марк Рајт, во писмена изјава за РИА новости.
Пентагон воедно побара од Русија и Турција „да разговараат една со друга и да се преземат мерки за да се спречи ескалација“.
>> Турција и Русија повторно се расправаат за нарушување на воздушниот простор




