Published: Monday, February 1, 2016 21:49
Светската здравствена организација(СЗО) прогласи вонредна состојба заради вирусот Зика што го пренесуваат комарците.
На состанокот на кризниот штаб на СЗО вирусот Зика е ставен во иста категорија како и Еболата, поради што е донесена одлука од итен надзор и брз одговор.
Во разговорите учествуваа експерти од областа на епидемиологија, јавното здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.
СЗО последен пат прогласи вонредна состојба на глобално ниво во 2014.та година поради епидемијата на Ебола. Според податоците на СЗО вирусот Зика се шири“експлозивно“.




