Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајова: Трамп загуби од Круз, Сандерс и Клинтон изедначени

0
By Сашка Цветковска on February 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 2, 2016 08:26

Тексашкиот сенатор и тврдокорен конзервативец Тед Круз победи на првите партиски избори во Ајова. Тој го порази милијардерот Доналд Трамп со 28 проценти од гласовите, додека Трамп доби 24 проценти. Круз изјави дека ова прво гласање било „показател дека гласачите нема да дозволат републиканскиот кандидат да биде избран од медиумите, од естаблишментот во Вашингтон и од лобистите“, а овие „рафали“ беа насочени пред се кон Трамп и кон партиската елита во која не важи за омилен.

Американските медиумите пишуваа дека ова е голем пораз врз Трамп кој од стартот на трката со месеци водеше пред другите републикански кандидати.

Кај демократите, пак, Хилари Клинтон и Берни Сандерс се изедначени, односно таа води со само 0,5 поени пред него. Клинтон доби 49,9, а Сандерс 49.4 проценти од гласовите.

„Пред девет месеци дојдовме во оваа прекрасна држава без пари, без никаква политичка организација, без признание. Во Ајова започна политичката револуција, дека оваа земја им припаѓа на младите, на работниците, постарите, на граѓаните, а не само на милионерите “, рече Сандерс обраќајќи се во Ајова.

Американските медиуми пишуваат дека гласањето во Ајова докажа дека Клинтон може да се победи, а аутсајдерот Сандерс кој самиот собира донации од граѓани, но не и од корпорации, веќе е важен играч во трката. Дали демократите го потценија Сандерс, останува следно да се потврди и во Њу Хемпшир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.