Илјадници ученици и студенти протестираа денеска во Кипар против претстојните преговори на владата со меѓународните кредитори за склучување меморандум со кој земјата ќе добие помош од десет милијади евра.
Учесниците во протестот скандираа „Тројката надвор од Кипар“, „Ни ја урнавте иднината и нашите соништа“, „Народот ги сака предавниците во затвор“, како и пароли против германскиот канцелар Ангела Меркел.
Тие уште порачаа „Европа да остане на народите, а не на господарите“.