Од утрово во 6 часот во Грција започна штрајк на медиумските работници, во знак на протест против измените во Законот за пензиско и здравствено осигурување кои се однесуваат токму на оваа категорија работници.
Според најавите Грција во следните 24 часа ќе биде во информативен мрак, бидејќи ниту грчките радио и телевизии не емитуваат вести, ниту емисии во живо, ниту пак излегуваат весниците.
Кон штрајкот се приклучија и вработените во државната агенција АПЕ, вработените во Генералниот секретаријат за медиуми и прес службите.
Тие бараат Владата итно да ги повлече измените на Законот кои се дел од договорот на Атина со кредиторите.
Веќе две недели штрајкуваат земјоделците во Грција, а за утре е закажан генерален штрајк кон кој ќе се приклучат сите вработени во државниот и приватниот сектор – до бензински пумпи, ресторани и кафулиња, автобуси, возови и таксисти, додека болниците же примаат само итни случаи.




