Трајното враќање на контролата на границите во Европа би ги чинело земјите кои се дел од Шенгенскиот договор околу 110 милијарди евра во текот на следните 10 години, објави Франс стратежи, официјален институт на француската Влада.
Во студијата на Институтот се наведува дека трајното укинување на зоната на слободно движење би резултирало со намален обем на прекуграничен туризам и трговија и Европа ќе ја чини околу 0,8 отсто од вкупното економско производство во следните 10 години.
Шенгенскиот договор е централна точка на европските интеграции меѓутоа под притисок на гласачите загрижени од невидениот прилив на мигранти од Африка и од Блискиот исток, неколку влади веќе воведоа привремена контрола на границите со други змеји од ЕУ.
Шест од 26 членки на Шенгенската зона вклучувајќи ја и Германија воведоа привремена контрола на границата поради доаѓањето на стотици илјади мигранти во богатите земји од ЕУ.




