Бремена жена која живее во Шпанија а патувала во Колумбија е заболена од вирусот зика, информираше шпанското министерство за здравство. Ова е прв случај на заболена бремена жена од зика во Европа.
Пациентката била дијагностицирана во Каталонија на северот на Шпанија. “Станува збор за бремена жена која ги има сите симптоми и престојувала во Колумбија. Освен оваа жена, уште седум заразени лица кои патувале во ризичните зони се регистрирани во Шпанија.
Министерството додава дека жената се наоѓа под медицинско набљудување и е во втората третина од бременоста.
Жената е во добра состојба но вирусот е закана бидејќи тој предизвикува тешки компликации кај фетусот како малформации.
Петнаесетинма земји од Латинска Америка се наоѓаат на листата на ризични земји а помеѓу нив е Колумбија. Најголемиот ризик засега се лоцира во Бразил.
Во Европа се забележани неколку случаи на лица заразени со вирусот но ова е првата бремена жена која ги има симптомите на болеста.
Шпанија има тесни врски со Латинска Америка и патувањата помеѓу двата региони се многу чести. Според министерството овие случаи не би требало да ја прошират заразата.
Вирусот се пренесува преку убод на комарец.




