Над 10 милијарди долари беа ветени денес во Лондон, на конференцијата на донатори, за помош на милионите Сиријци исцрпени од војната.
Земјите донатори ја реализираа целта што ја имаа поставено и собраа 10 милијарди долари. Тие ветија дека ќе ги дадат сите пари и дека оваа конференција нема да ја доживее судбината на претходната, во Кувајт, која вети 8.4 милијарди долари од кои само 3.3 милијарди беа реализирани.
Од целата сума 5.6 милијарди треба да бидат испратени во 2016 година а 5.1 најдоцна до 2020 година.
“Денешната конференција ја вети досега најголемата ветена сума и тоа само во еден ден како одговор на хуманитарната криза”, изјави Дејвид Камерон. Тој додаде дека ова не е решение на кризата и дека решението е политичка транзиција во Сирија.
Истовремено, во Женева беа прекинати мировните преговори за Сирија.
Камерон им испрати и порака на Сиријците велејќи дека “ние ќе стоиме на ваша страбна и ќе ве поддржуваме се додека е тоа потребно”.
Британската влада 1.74 милијарди долари а Германија 2.3 милијарди.




