Published: Friday, February 5, 2016 18:08
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж за кого комисија на ОН утврди дека произволно бил притворен, побара од Британија и Шведска да ја применат одлуката на ОН.
Асанж и натаму се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон и на прашањата на новинарите одговараше преку видео конференција.
Според него, одлуката на панелот на ОН е оправдана, додавајќи дека Шведска и Британија не можат да се ѓалат на одлуката иако Британија најави таква можност.
Адвокатот на Асанж Џенифер Робинсон изјави дека наодите на комисијата на ОН претставуваат несомнена победа за Асанж.
Според неа, наодите покажуваат дека Асанж бил изложен на ментална тортура. Одлуката на работната група ја оцени како исклучително важна.




