Министерот за одбрана на Србија Братислав Гашиќ денеска е едногласно сменет од функцијата, поради скандалот кога во сексуална конотација навреди новинарка на прес конференција.
За неговото разрешување гласале сите 195 присутни пратеници во Собранието, и од власта и од опозицијата.
– Поднесов барање за негово разрешување поради една изјава, но само затоа што тоа е многу повеќе од една изјава и една навреда, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи дека од министрите се очекува да бидат пристојни, морално и чесно да се однесуваат.
– Сакаме да бидеме пристојно друшттво, а не балканска крчма, изјави Вучиќ на почетокот на седницата.
Гашиќ неодамна на прес конференција порача дека „многу сака новинарки кои клечат“, а неговата изјава ја регистрираа микрофоните и камерите кои беа вклучени.
Вучиќ и денеска го правдаше дека тој немал таква намера.
– Гашиќ никогаш себе си не би посакал да клечи, а камо ли тоа да и го каже на новинарка, но за тоа мора да сноси одговорност, рече Вучиќ.




