Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со кое раководи Катица Јанева почнало предистрага за случајот „Монструм“, пишува сајтот Сведок, и ги повикало адвокатите и семејствата на обвинетите во случајов.
Предметот му бил даден во работа на обвинителот Трајче Пеливанов, кој како што брифираат изворите на „Сведок“ имал средби со роднини на обвинетите и со адвокатите на кои средби ги исслушал нивните тврдења „дека обвинетите во случајот Монструм не се тие кои го извршија убиството во близина на Смилковското езеро“.
Според изворите на „Сведок“, обвинителот располага со дополнителни информации кои сакал да ги провери и преку семејствата и адвокатите и затоа ги повикал, пишува „Сведок“.
Масакрот кај Смилковското езеро каде што бие убиени млади момчиња и рибар беше во април 2012 година. Родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковското езеро останаа незадоволни и од одлуката на Апелациониот суд за обвинетите во случајот „Монструм“. Тие сметаа дека сè уште не се кажани сите работи околу ова монструозно убиство. Родителите на убиените момчиња се сомневаа дека високи фукнционери се вмешани во убиството на нивните деца, пишува Сведок.
„Сведок“ се прашува дали „одлуката на Специјалното обвинителство ќе биде донесена во многу чувствителна фаза од постапката, бидејќи, правно не е јасно како ќе може да се вклучи ова обвинителство во постапката: дали по жалба пред Врховниот суд, или пак би донело одлука за повторување на постапката и што со веќе правосилната пресуда која постои? “.