На денешната аукција на државни хартии од вредност ,државата од домашните кредитори ке побара нови 7,07 милиони евра.
Според проспектите на Министерството за финансии, понудени се 3 месечни записи во вредност од 813 000 евра и државни обврзници за 162 000 евра со рочност од 15 години.
Од почетокот на годинава, Владата закажа четири аукции, а се одржаа три.
Минатата недела откако задолжувањето беше откажано без објаснување, дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој претходно го оспори одржувањето на аукцијата најави дека ќе побара одговорност.
Од почетокот на годинава Владата од домашните банки, пензиски друштва,фондови, осигурителни компании и други кредитори собра 32 милиони евра повеќе отколку што бараше.
Заклучно со декември 2015 година јавениот долг изнесува 4 милијарди 224 милиони евра, или 47 % од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво измерено до сега.
Утре, државата на банките ,пензиските друштва и осигурителни компании треба да врати 7,07 милиони евра стари долгови.