Врањскиот епископ Пахомије изјави дека за најновите обвинувања за наводно сексуално малтретирање на работник до епархијата дознал од медиумите.
Тој ги негира обвинувањата и рече дека ќе отиде на суд кога ќе добие покана.
„Подготвен сум да се одзвам на поканата било да е од полицијата или од надлежниот суд и ќе го дадам својот изказ. Тоа е моја обврска и јас од тоа нема да бегам“, изјави владиката Пахомије (Томислав Гачиќ).
Пахомије во изјава за полицијата во Лесковац за деветгодишно сексуално злоставување го обвини Немања С. (24), кој работел како магационер во Врањската епархија.
Ова втор случај, после повеќегодишниот спор за случајот со четирите момчиња, кога Пахомије повторно беше во фокусот на јавноста.