Шефот на војската на Северна Кореја е егзекутиран под обвинение за корупција, тврди Јужнокорејската новинарска агенција.
Се работи за генералот Ри Јанг-гил кој во кабинетот на Ким Јонг-ун работеше од август 2013 година.
Од страна на врховниот лидер на Северна Кореја, генералот исто така се товари за придобивки за лични цели.
Сепак како што пишуваат светските медиуми, тешко е да се потврди оваа информација поради затвореноста на режимот, но шпекулациите дека Ри Јанг-гил бил во лоши односи со Ким Јонг-ун датираат од 2014 година.
Доколку информацијата биде потврдена наскоро, тоа ќе претставува една од најголеми егзекуции на висок претставник на Северна Кореја од кога Јонг-ун е на власт.
Генералот Јанг-гил беше унапреден во поручник генерал во 2002 година за време на владеењето на таткото на Јонг-ун, Ким Јонг-ил.




