Published: Thursday, February 11, 2016 21:00
Поранешниот премиер на Франција, Жан-Марк Ејро, денеска е назначен за министер за надворешни работи на Франција.
Тој на оваа позиција го менува Лоран Фабиус кој пак е назначен за претседател на Уставниот совет на Франција.
Во владата влегува и лидерот на Зелените и еколозите Емануел Кос. Таа ќе биде министер за станбени прашања.
Францускатa влада доби и нова министерка за култура и комуникации Одре Азуле, која доаѓа на местото на Флер Пелеран.
Владата предводена и понатаму од Мануел Валс брои 38 членови, меѓу кои има многу млади, посебно меѓу државните секретари.




