Обединетите арапски емирати именуваа три министерки – за среќа, за толеранција и за млади.
Премиерот на Емиратите, шеикот Мохамед бен Рашед ал Мајтру рече дека параметарот на успех на една Влада е воведување на вистински промени кои же придонесат за среќа на луѓето.
Именувањето е во склоп на реконструкцијата на Владата објавена на социјалната мрежа Твитер, што претставува мала револуција во оваа држава богата со нафта.
Според Мохамед, реконструкцијата на Влдата е најголема структурална промена во историјата.
Во новата Влада се наоѓаат вкупно 8 нови министри, од кои 6 се жени. Просекот на вкупно 29 мината министри е 38 години, при што осум се жени, а најмладата од нив има 22 години.
Емиратите го следат примерот на Бутан, малото хималајско кралство кое води економска политика базирана на „брутосреќа“, а не на бруто домашен производ.




