НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предмет „Титаник“: Изборна измама за опстојување на власт

1
By Нова ТВ on February 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Притвор за осум лица за изборна измама и итно приведување на еден од нив, побара утринава Специјалното јавно обвинителство поради изборна криминализација и нивно спречување во понатамошно делување. Првата јавно обелоденета акција на Обвинителството се одвива под името „Титаник“, за која обвинителите посочија дека преземени се огромен број предистражни дејствија.

Обвинителството отвора десетина кривични предмети од областа на гласањето, слободите и правата на граѓаните, општа сигурност и имотот, како и кривични дела за злоупотреба на службената должност и овластувањето.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи директно им посочија на граѓаните дека правдата ќе победи и покрај тешкотиите и заканите со кои тие се соочуваат.

Злосторничко здружување за опстојување на власт

Првиот предмет на кој што работи обвинителството се однесува на изборните измами. Според нив, во периодот во 2012 година осомничени за кривични дела се министерот за внатрешни работи, министерот за транспорт и врски и секретарот на Владата на Република Македонија, како и сите членови на Извршен Комитет на партија.

Тие искористувајќи ја својата привилегија создале група која на незаконски начин овозможила повеќе лица да користат избирачко право. Целата акција се реализирала преку МВР заедно со лица ангажирани да врбуваат лица, да носат од странство и да преку насилство пред и за време на изборна кампања за влијаат врз нивното гласање. Припадниците на злосторничкото здружување нуделе подароци, со намера да придобијат гласачи,а освен тоа и незаконски ја финансирале изборната кампања на партијата.

-Министерот за внатрешни работи ја впрегнал целокупната структура на ова Министерство да го состави Избирачкиот список за интересите на владејачката структура. МВР ангажирало голем дел од капацитетите при што се погазени законите. МВР направило упад во избирачкиот список.

СЈО за овие обвинувања предвиде мерка притвор за некои од лицата опфатени со постапката. Според СЈО оваа мерка се превзема поради опасноста да се влијае врз сведоците. Едно лице како што беше соопштено е веќе лишено од слобода поради опасноста да ја напушти Р. Македонија бидејќи поседува двојно државјанство, истакна обвинителката Фатиме Фетаи.


Фатиме Фетаи, обвинителка од тимот на Јанева

Според Фетаи, и во Избирачкиот список вметнати се лица кои по ниеден основ не можат да бидат таму. Незаконско издавале лични карти, одредени се 15 000 нови матични броеви кои не се за новороденчиња, а во МВР стојат 35 000 лични карти кои не се подигнати од барателите.

Министерот за внатрешни работи овозможил целосна подготовка на личните карти, но и патни исправи кои се користеле за гласање на избори, а полициските службеници и командири биле задолжени да ги покријат живеалиштата. Дел од нив, одбиле на ваков незаконски начин да одработуваат.

За сите овие кривични дела, како што соопштија обвинителките се казниви и може да се изрече казна до 3 години затвор.

Во измамата освен министри и партиски лица, вклучени биле и судии и нотари. Покренати се обвиненија и против пет судии од Управиот суд како и против 4 членови на ДИК од 2013 година. Со ова постапка за изборна измама опфатени се членови на општинска изборна комисија во Чаир.

Обвинителките повикаа да престанат обидите за нивна јавна дискредитација, тврдејќи дека работат како независен и непристрасен орган исклучиво по закон.

Повеќе детали не беа соопштени, со цел да не се влијае на истрагата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.