НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Ќе го победи ли правдата тефтерчето со судии на Јанкулоска

0
By Сашка Цветковска on February 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помина еден возбудлив, но и тегобен викенд за правдата во Македонија. Во петокот напладне Специјалното јавно обвинителство го обзнани првиот случај „Титаник“. Се покрена првото обвинение за изборни измами кадешто осомничени се осум лица, меѓу кои и поранешните министри за транспорт и врски и внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Пред да им ја предаде „сцената“ на младите и остроумни обвинителки Ленче Ристевска и Фатиме Фетаи кои молскавично ги освоија симпатиите на јавноста, Катица Јанева рече:

„Правдата ќе победи“.

Еуфоријата која ја затече јавноста бргу беше прекината следното утро, кога по речиси цела ноќ дежурање во Судот, новинарите објавија дека на ниту едно лице од оние кои се појавија на распитот во Кривичниот Суд во Скопје (или Основен Суд 1) не доби мерка притвор. Јасно беше дека правдата можеби ќе победи, ама патот до остварување на тој сон на Специјалната јавна обвинителка значи поместување на големи и тешки планини.

Адвокатот на „ѓаволот“, осомничените и претседателот на судот

Фотографијата којашто колешката Милка Смилевска од Ал Џезеира ја објави на социјалните мрежи, а на која што можеше да се види поранешниот министер за транспорт и врски како стои во ходникот на судот чекајќи го својот ред да биде испрашан од судија на претходна постапка, инстатно и масовно ги окупираше социјалните мрежи. Очигледна беше жедта за правда, особено на оние кои некогаш и самите се нашле во истите ходници во процеси со предзнак „хајка“.

Новинарите од провладините медиуми таа ноќ не дежураа пред Судот. Неколку медиуми чекаа да последно да видат кој ќе влезе и излезе и какви ќе бидат одлуките по барањето за притвор на Специјалното обвинителство. Покрај Јанакиески, таму беше и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Сите придружувани од видни скопски адвокати: Димитар Дангов, Боро Тасевски и Никола Додевски. Додовски, кој е и претседател на адвокатската комора, важи за исклучителен правен ум, но на јавноста и е познат како адвокат на екс-премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. Поради ова, во новинарските кругови понекогаш на шега го нарекуваме „Адвокат на ѓаволот“.

А сосе адвокатите, осомничените, новинарите и снимателите, во Судот речиси цела ноќ отседе и Претседателот на Кривичниот Суд Владимир Панчевски. Во еден наврат тој и поразговара со присутните новинари, но се уште не е јасно што правеше Панчевски таа ноќ во Судот. Ова е особено важно ако се имаат во предвид забелешките на одделни претставници на правната експертска јавност кои велат дека постои опасност од нарушување на начелото на самостојност на донесување на судска одлука од страна на судија .

Следниот ден се случи безмалку очекуваното. Судиите не досудија никому притвор оценувајќи дека нема основ за истото. Јанакиески и Темелко од судот заминаа дома. Специјалнтото јавно обвинителство најпрво на социјалните мрежи изрази револт поради ваквата одлука на судот и најави жалби.

Кривичниот Суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!

— Специјално ЈО (@S_J_O_) February 13, 2016

Но, веројатно и самата Јанева, која што ги истражува наводите за сторен криминал од прислушуваните разговори, г и слушнала „бомбите“ за судството од коишто разговори е јасно, дека не сите судии за запишае на страната на правдата, но сите – со плусеви и минуси биле запишани во тефтерчето на министерката Јанкулоска.

Правда поделена по бројчиња во тефтерчето на Јанкулоска

Судската „бомба“ минатата година почна со разговор помеѓу тогашната претседателка на Судскиот Совет Александра Зафировска во којашто снимка можеше да се слушне разговор помеѓу неа и Ленче Самарџиевска, секретарката на премиерот.

„Се договоривме на минатиот состанок да го известам премиерот пред да распишам оглас за судии. Значи да го известите дека ќе распишам оглас за двајца судии на Апелација – Скопје, за претседател на Основен Суд Скопје 1 и за претседател на Основен суд Кратово“, вели Зафировска во разговорот.

Следниот разговор пуштен на прес-конференцијата на СДСМ го откри и тефтерчето на Јанкулоска.

„Да те прашам една работа, ние кога биравме судии за единица, Лидија Петровска, кој ни ја предложи, ја прашува екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

„Чекај да видам во тефтерчето. Лидија Петровска, 72 број, Сашка(Александра Зафировска) ја предложила. Нели она ни ги праќа материјалите, она има напишано на рака“, одговори Јанкулоска.

Разговорите открија многу непријатни нешта за тоа како работеле и како се бирале судии, особено во Кривичниот суд. Но, открија и како се нарачувале пресуди.

„Постигнувањата од реформскиот процес на минатата деценија беа сериозно нарушени од актуелното и потенцијалното политичко мешање во работата на судството“, ќе забележи Европската комисија во последниот извештај за напредок од 2015.

Од скопскиот Кривичен суд се очекува во следните 48 часа да се произнесе по однос на жалбите на Јанева за коишто беше соопштено дека денеска се пуштени во судот. Утре, пак, на распит треба да се појави и екс-министерката Гордана Јанкулоска за којашто нејзините адвокати информираа дека била во странство викендов.

Дали „Титаник“ ќе биде управуван од силата на аргументите или од силата на тефтерчето останува да видиме. Едно е јасно, довербата во судството е разнишана, а бродот не плови единтвено под знамето на Специјаното обвинителство.

„Степенот на претходно сомнително политичко влијание во избор на судии и во исходот од судските постапки беше потврден во содржината на прислушкуваните разговори. Со цел да се врати довербата на јавноста, професионалните тела, како што се Судскиот совет и Здружението на судии треба да бидат проактивни во видливо промовирање на независноста на судството и одбрана на судската професија од која било форма на експлицитен или имплицитен притисок, без разлика дали е надворешен и внатрешен“, Извештај за напредок на Република Македонија, 2015.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.