Студениот брaн кој ја зафати Европа, невообичаен за овој период од годината направи хаос во сообраќајот и предизвика штети кај населението.
Хрватска се соочува со снежни виулици, а во Полска од почетокот на март до сега од студ починале 25 луѓе.
Во последните денови температурата на северот од Полска се спушти на 15 степени под нулата, а ноќе и до минус 24 степени.
Во Романија снегот паѓа без престан. Во Србија студот и снегот предизвикаа сериозни проблеми на северот од земјата. Во Белгија снег паѓа од неделата наутро, а температурата е многу ниска за ова време од годината.
Промена на времето, затоплување и повисоки температури матеоролозите најавуваат од следната недела.