Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока расправа на Комисијата за образование – заглавена е на Деловникот

0
By Влатко Чаловски on February 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 16, 2016 18:15


Комисијата за образование, наука и спорт и понатаму е заглавена на Деловникот за работа. Пратениците меѓусебно се обвинуваат за кочење на работата.

Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески денеска повторно ја обвини претседателката на Комисијата, Олга Најденовска за кршење на Деловникот и Уставот и дека реализирала сценарија за предизвикување физички инцидент. Тој од неа и од собраниските правници побара да дадат стручно толкување на Деловникот во делот на ограничувања на дискусијата, која е тензична тема изминативе седници.

Според него, Најденовска неисправно раководи со Комисијата и побара на Дневен ред на Собранието да се стави интерпелација на Најденовска.

На тоа реплицираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој рече дека функцијата претседател на комисија не е јавна функција, за разлика од пратеник, и не може да се бара нејзина оставка од Комисијата.

Според Димовски, однесувањето на опозицијата е со цел да се блокира носењето на законот за изградба на универзитет „Дамјан Груев“ а за да го оствари тоа, според него, опозицијата ги злоупотребува сите механизми и се однесувала насилно.

Сугарески на ова реплицираше дека Деловникот за работа е донесен во 2013 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ и со него е предвидено ограничување на дискусијата само на Комисијата за финансии, за економски прашања и за услогласување на регулативата на ЕУ, но не и на Комисијата за образование.

Најтензично беше кога заменик-координаторка на опозицијата, Соња Мираковска се обраќаше процедурално, а претседателката Олга Најденовска се обиде да ја почне амандманската расправа, па дури почна да ги чита и амандманите.

По жестоката расправа, таа ја прекине седницата и даде пауза од половина час.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.