Сириската армија воспостави контролата над градот Кенсаб, едно од последните и најважни упоришта на терористите во северната покраина Латакија, објави либанската телевизија Ал Меидин, повикувајќи се на воени извори.
Претходно сириската државана агенција САНА објави дека владините сили ја пробиле одбраната на бунтовниците во центарот на градот Кенсаб.
Чистењето на областа од терористичките групи било проследено со жестоки судири, пренесува телевизијата.
Градот Кенсаб се наоѓа на околу 320 километри северно од сириската престолнина Дамаск и има важно стратешко значење. Контролата над градот ќе им овозможи на сириските војски да започнат голема офанзива во соседната покраина Идлоб, каде што веќе подолго време се зацврстени исламистичките бунтовнички групи.
Минатата недела владините војски ја преземаа контролата над голем дел од границата со Турција. Владата во Дамаск повеќепати претходно изјави дека приоритетна задача во офанзивата е преземањето целосна контрола врз пограничната зона, за да се спречи снабдувањето на терористичките и бунтовничките групации со оружје и борци преку турската територија.




